Донарума доби понуда од Милан, но дефинитивно нема да му се допадне


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Минатите недели многу се шпекулираше за тоа дека италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума ќе го напушти Милан, а причина за тоа е неговиот договор, кој завршува во 2021 година.

Италијанците објавија дека Донарума добил понуда од Милан за продолжување на соработката, но само за една дополнителна година и тоа со намалување на платата.

Донарума во моментов зема шест милиони евра по сезона, а Милан со новиот договор му нуди еден милион помалку. Разликата ќе биде надополнета со бонуси, кои би се исплатиле доколку клубот се пласира во Лигата на шампиони.

Голманот и неговиот агент Мино Рајола размислуваат Донарума да остане на „Сан Сиро“, но останува да видиме дали ќе се договорат за финансискиот дел.