Донарума е најдобар играч на Еуро 2020!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанците во финалето на „Вембли“ ја совладаа Англија по изведување на пенали, откако регуларниот дел и продолженијата завршија со резултат 1-1.

Херој на европскиот шампион беше голманот Џанлуиџи Донарума, кој им одбрани два пенали на Англичаните, а покрај тоа одлично бранеше цел турнир и на крајот заслужено го доби епитетот на играч на првенството, а наградата му ја додели првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.

Донарума стана прв голман кој успеал да го добие признанието за најдобар играч на турнирот, додека Леонардо Бонучи беше прогласен за најдобар фудбалер во финалето во Лондон.

Титулата за најдобар стрелец на Еуро 2020 му припадна на Кристијано Роналдо со пет гола, колку што даде и Патрик Шик, но Португалецот имаше и една асистенција.