Донарума ги запре преговорите со Јувентус и Милан – има еден услов за гигантите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан неколку пати се обиде да му го продолжи договорот на Џанлуиџи Донарума, но трипати беа одбиени нивните понуди, по што во акција тргна и Јувентус, кој е подготвен да му даде шанса на Италијанецот во првиот тим.

Донарума има договор до 30 јуни со Милан и плата од шест милиони евра годишно, а менаџерот Мино Рајола од раководството на „росонерите“ бара двојно поголема плата.

Милан најпрво му понуди шест милиони евра плус бонуси, па потоа седум милиони и на крај седум милиони плус бонуси, како и клаузула од 30 милиони евра за откуп, но сите понуди беа одбиени.

Сепак, Донарума ги запрел преговорите со двата тима кои се борат за место кое води во Лигата на шампиони, па тоа ќе биде главно во преговорите. Кој тим ќе избори пласман во елитното натпреварување, тој ќе го добие потписот на голманот.