Донарума им се извини на „росонерите“ со привремена тетоважа од Милан 📸


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џанлуиџи Донарума не е добредојден во Милано затоа што минатото лето си замина како слободен играч од Милан и потпиша за екипата на ПСЖ, па од шоуто „Хиени“ решија да го снимаат италијанскиот голман.

Навивачите жестоко го исвиркуваа Донарума на мечот меѓу Италија и Шпанија во Лигата на нации, по што голманот кажа дека не го заборава времето минато на „Сан Сиро“ во дресот на Милан.

Ниту тоа не ги смири навивачите на Милан, па Донарума реши да направи и привремена тетоважа со која им се извини на „росонерите“, но тешко дека и тоа ќе помогне да се смири ситуацијата.