Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џанлуиџи Донарума можеби е најдобриот голман кој во моментов е слободен да бира каде ќе ја продолжи кариерата, откако му заврши соработката со Милан.
Италијанските медиуми пишуваат дека Донарума е блиску до договор со Барселона, а „Тутомеркато“ објави дека минатата недела била испратена првата понуда.
Претседателот Жоан Лапорта му понудил петгодишен договор на 22-годишниот чувар на мрежата со годишна плата од 10 милиони евра.
Марк-Андре Тер Штеген неодамна го оперираше коленото и засега не е познато кога ќе се врати на теренот, а најверојатно Барселона ќе го продаде Германецот за да заработи пари, додека Донарума ќе стигне бесплатно.
За Донарума се заинтересирани уште два гиганти, а тоа се Јувентус и ПСЖ, кои уште не испратиле конкретна понуда.