Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Контроверзниот менаџер Мино Рајола секогаш има големи барања за себе и своите клиенти од екипите, а сега се обидува да извлече што е можно повеќе пари од Милан.
„Калчомеркато“ објави дека Рајола почнал преговори со неколку тимови, како и со Милан, а наводно побарал од „росонерите“ да го направат Донарума најплатен во светот ако сакаат да го задржат.
Милан му понудил договор од осум милиони евра по сезона, но Рајола не сака да попушти и бара плата од 12 милиони евра за неговиот клиент.
Доколку Милан се согласи на тоа, тогаш ќе му плаќа двојно повеќе отколку што добива сега Донарума од тимот, а исто така голманот ќе стане втор најплатен играч во Италија по Кристијано Роналдо, кој заработува 31 милион евра, но и најплатен голман во светот бидејќи само Давид Де Хеа е пред него со 11 милиони евра годишно.