Донарума: Милан за мене е завршена приказна, тоа е минато, си уживам во Париз!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џанлуиџи Донарума дебитираше во дресот на ПСЖ во француската Лига 1, а тој им се заблагодари на новите соиграчи и навивачи за пречекот и приемот во екипата.

Донарума го спомена и Милан со кој не се раздели на најдобар можен начин и навивачите на калчолигашот никогаш нема да му простат.

„Милан е минато, уживам во Париз. Среќен сум тука, добро ме пречекаа во клубот. Сакаме што е можно повеќе победи и да ги израдуваме навивачите кои се неверојатни“, кажа Донарума.

Донарума си замина од Милан како слободен играч и се пресели во Париз, а за калчолигашот во кариерата настапи на 251 натпревар.