Донарума не прекинал да плаче во соблекувалната поради навивачите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума беше пречекан како предавник на „Сан Сиро“ за време на натпреварот меѓу Италија и Шпанија во полуфиналето на Лига на нации.

Дел од навивачите на стадионот постојано го исвиркуваа голманот, затоа што беа огорчени поради тоа што Донарума си замина бесплатно од Милан.

„Росонерите“ никогаш нема да му го простат предавството, а италијанските медиуми објавија дека голманот почнал да плаче во соблекувалната по поразот од Шпанија (1-2).

Италијанскиот селектор Роберто Манчини застана во одбрана на својот голман.

„Не му беше пријатно на Донарума. Разочарани сме…“, вели Манчини.