„Донарума не требаше да го направи тој потег против Реал, такви работи се учат кога сте дете“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ уште еднаш беше елиминиран во осминафиналето на Лига на шампиони (ЛШ), и тоа овој пат од Реал Мадрид, иако имаше водство од првиот меч со 1-0, па и во реваншот водеше цели 60 минути, но тоа не беше доволно.

Реал Мадрид за само 17 минути постигна хет-трик преку Карим Бензема и го сврте мечот во своја корист, а сè почна по грешката на голманот Џанлуиџи Донарума, кој згреши во 61. минута за првиот погодок.

Поранешниот голман Жулио Цезар смета дека Донарума направил грешка и судијата не требало да досуди прекршок, иако парижаните го бараа токму тоа.

„Тоа не е прекршок. Донарума се сврте кон голот. Не требаш да го направи тоа, зашто такви работи се учат кога сте дете“, вели бившиот чувар на мрежата на Интер.