Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еден од најдобрите голмани во светот, Џанлуиџи Донарума и неговата сопруга Алесија Елефанте биле претепани и ограбени во нивниот дом.
Француските медиуми пишуваат дека голманот и неговата сопруга биле жртви на крадци, кои влегле во нивниот дом, ги соблекле голи и ги врзале.
Донарума се ослободил по заминувањето на крадците, по што повикал полиција и бил хоспитализиран во болница.
Штетата од грабежот е околу половина милион евра, а засега не е позната здравствената состојба на чуварот на мрежата на ПСЖ.