Донарума се збогуваше од Милан: Некои работи не можам да ги објаснам со зборови


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џанлуиџи Донарума во неделата ја освои титулата на Европското првенство, а сега се враќа на обврскиот во новиот клуб ПСЖ откако си замина од Милан.

Драмата за иднината на младиот италијански голман траеше со месеци, а навивачите на Милан се надеваа дека ќе остане, но Донарума реши да потпише за францускиот вицепрвак.

Донарума пред заминувањето во Париз реши преку Инстаграм да се збогува со навивачите на Милан.

„Некои избори се тешки, но тие се дел од растењето. Во Милан стигнав кога бев малку поголем од дете, осум години со гордост го носев овој дрес, се боревме, страдавме, плачевме, славевме со сите навивачи кои ми беа дел од семејството. Поминав неверојатни години кои никогаш нема да ги заборавам“, напиша Донарума.