До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Kошаркарот Лука Дончиќ ја прекинал врската со долгогодишната изабраница Ана-Mарија Голтес.
Cловенечките медиуми со денови наназад пишуваат за оваа тема. Лука Дончиќ е најпопуларната личност во Cловенија, а кога Ана-Mарија Голтес ги избриша сите заеднички фотографии од социјалните мрежи, стана јасно дека нешто се случува помеѓу нив двајца.
Лука Дончиќ игра одлично за Лос Анџелес Лејкерс и изгледа дека љубовниот крах не влијае на него. Според написите на порталот Журнал24, Лука Дончиќ бил тој што иницирал раскинување на врската со Ана-Mарија Голтес, со која е верен од 2023 година.
Тие двајца се заедно од тинејџерски денови, од нивната 12-та година, и имаат две деца, две ќеркички. Габриела е родена во 2023 година, а Оливија е дојдена на свет во декември минатата година.
Порано се зборуваше дека во летото 2018 година ја раскинале врската, пред НБА драфтот на кој Лука беше избран од Далас, но многу брзо се помирија и продолжија каде што застанаа.
– Освои ме со младешката и разиграна енергија. Беше помал од мене, но висината и мускулите не ми беа важни, Лука отсекогаш имаше нешто посебно во себе, и тоа ме привлекува до денес – изјавила еднаш Ана-Mарија.










