Дончиќ ќе ја предводи Словенија на Европското првенство во кошарка

Кошаркарската репрезентација на Словенија ќе има исклучително силен состав на располагање на претстојното Европско првенство, кое ќе се одржи од 27 август до 14 септември во Летонија, Финска, Полска и на Кипар.

Словенците ќе се натпреваруваат во Група Д заедно со репрезентациите на Франција, Полска, Израел, Белгија и Исланд и ќе играат во полските Катовице.

Интересно е што на чело на списокот ќе се најде еден од најдобрите кошаркари денеска, Лука Дончиќ, а на списокот се наоѓаат и уште добро познати имиња како Влатко Чанцар, Клемен Препелиц, како и Зоран Драгиќ, но и Џош Ниба.

Селекторот на Словенија, Александар Секулиќ објави 19 имиња, а може да се забележи дека на списокот има и некои млади играчи.

Фото: Принтскрин