Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ имаше порака за клупата на Минесота за време на втората утакмица од НБА плеј-офот.
По болниот пораз во првата утакмица од серијата плеј-оф, Лос Анџелес Лејкерси силно возвратија и во втората утакмица ја совладаа Минесота со 94:85.
Веќе на полувремето беше јасно дека тимот од Калифорнија се врати фокусиран и одлучен – резултатот на паузата изнесуваше 58:43 во корист на домаќините, а главниот архитект на оваа предност беше – Лука Дончиќ.
Словенечката суперѕвезда одигра фуриозно прво полувреме, постигнувајќи 22 поени, од кои дури 16 во првата четвртина. Тој учинок беше поголем од целокупниот напаѓачки биланс на Минесота во истиот период, кој заврши на 15 поени.
Сепак, покрај импресивната партија, Дончиќ ја привлече јавноста и поради провокациите на сметка на Руди Гобер.
Кулминација се случи кога камерите и микрофоните го забележија моментот во кој Дончиќ се сврте кон клупата на противникот и порача:
„Заменете го“.
LUKA SAID “SUB HIM OUT” AFTER COOKING RUDY 😭😭😭 https://t.co/VwMTuA8Fnt pic.twitter.com/Vu2VhiEoBS
— Lakers All Day Everyday (@LADEig) April 23, 2025
Фото: Принтскрин
.