Дончиќ и Леброн го посрамотија Турчинот од Хјустон (Видео)


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс минатата ноќ го победија Хјустон Рокетс, а домаќинот во „Crypto.com Арена“ славеше со 104:98 и така стигна до 46. победа во сезоната.

Лејкерсите сега се на чекор од осигурување директен пласман во плејофот, бидејќи се наоѓаат на четвртото место на табелата на Западната конференција, а утринскиот натпревар го одбележаа одличните потези на Лука Дончиќ и Леброн Џејмс.

Тие го посрамија центарот на Рокетс, Турчинот Алперен Шенгун, на кого Дончиќ му ги „скрши зглобовите“ со извонреден дриблинг.

Потоа, во драматичниот крај на натпреварот, на сцена стапи Џејмс, кој при резултат 102:98 за неговиот тим брутално го блокираше Шенгун, спречувајќи го да ги приближи Рокетс на само два поена разлика, осум секунди пред крајот. Таа блокада погледнете ја подолу.