Дончиќ направи грозен потег, Леброн не можеше да поверува (Видео)


Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Лука Дончиќ и Леброн Џејмс полека, но сигурно стануваат еден од најдобрите тандеми во НБА лигата. Добро се вклопија од кога Дончиќ се приклучи на Лејкерс, па постојано се во центарот на вниманието.

Сепак, Словенецот се најде под лупа на јавноста и заради еден неконвенционален потег кој може да се нарече и еден од највалканите во НБА лигата, поради кој и Леброн Џејмс остана во шок.

Во финишот на натпреварот против Клиперс, Дончиќ реши да го збуни противникот за време на изведување на слободни фрлања така што ја избриша потта од главата со топката! Потоа топката ја предаде на судиите кои беа зачудени, и му доделија предупредување за ова несоодветно однесување.

.