Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Играчите на Финикс ги победија Лос Анџелес Лејкерс 113:104 во подготвителен натпревар пред почетокот на новата сезона во НБА лигата.
Ова беше трет пораз на Лејкерс од четири подготвителни натпревари, а во дуелот против Санси за првпат за време на подготовките настапи Лука Дончиќ, кој на теренот помина 22 минути.
За тоа време Дончиќ постигна 25 поени (7/15 од игра, 4/8 за три, 7/8 од пенал) заедно со седум скока и четири асистенции.
Го придружи Остин Ривс исто така со 25 поени, кој за 31 минута забележа и четири фатени топки, но ниту тоа не помогна Лејкерс да избегнат пораз.
Двоцифрен беше уште Деандре Ејтон со 10 кошеви, а Леброн Џејмс не играше по одлука на тренерот.
Сансите ги до триумфот водеше Џаред Батлер со 35 поени и седум скока, Џордан Годвин постигна 24 коша.
.