Дончиќ залудно доминираше – Лејкерси паднаа на домашен терен! (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс беа поразени на својот терен, на почетокот од НБА лигата, и покрај доминантната партија на Лука Дончиќ.

Голден Стејт Вориорс ги совладаа Лејкерс со резултат 119:109 во еден од двата први натпревари од новата сезона на НБА лигата.

Дончиќ беше извонреден, практично незапирлив, а натпреварот го заврши со 43 поени (17/27), 12 скока, девет асистенции, две украдени и три загубени топки, и една блокада.

Првото полувреме од овој натпревар беше турбулентно, бидејќи гостите први постигнаа двоцифрена предност и водеа практично сите 24 минути, но во завршницата се постигна егал (54:55).

Тоа им даде надеж на навивачите на Лејкерс, но потоа следеше традиционално фуриозна трета четвртина на Вориорс за време на која имаа и +15, а пред последните 12 минути водеа со 90:79.

Во 4/4 екипата од “градот на ангелите” успеа најмногу да ја намали разликата на шест поени, но не и да се закани повеќе од тоа, па Голден Стејт релативно мирно го доведе натпреварот до крај.

Дончиќ на овој натпревар не ја имаше помошта од Леброн Џејмс, кого нема да го гледаме уште околу еден месец поради ишијас.

Најголема помош имаше од Остин Ривс, кој постигна 26 поени, пет скокови и девет асистенции, и Диандре Ејтон кој вметна десет поени со девет скокови.

На другата страна доминираше Џими Батлер со 31 поен и пет скокови, Стеф Кари постигна 23, а одличен беше и Џонатан Куминга со 17 поени, девет скокови и шест асистенции.

.