„Дончиќ е бавен, мрзелив и не игра во одбрана“


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ доби критики од поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Мајкл Купер.

Купер го нападна Словенецот дека е премногу бавен и воопшто не игра одбрана.

„Да, има трипл-дабл на секој меч, но премногу е бавен. Лесно постигнува поени, но мрзелив е и не игра во одбрана“, кажа Купер.

Дончиќ во просек во НБА-кариерата постигнува по 28,7 поени, 8,7 скокови и 8,3 асистенции.