Дончиќ ги “скаутираше” ѕвездите до теренот, а неговото внимание го украла Карди Б.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Синоќа се одигра натпревар Ол Стар во Чикаго, при што тимот на Леброн Џејмс го совлада тимот на Јанис Антетокумпо со 157:155.

Словенечкиот кошаркар на Далас, Лука Дончиќ, постигна осум поени во Ол Стар натпреварот. Дончиќ ја игра сезоната на соништа и беше еден од кошаркарите што доби најмногу гласови за учество во Ол стар викендот.

По натпреварот, Дончиќ беше многу расположен за изјави и призна дека за време на натпреварот најмногу ги гледал седиштата покрај паркетот и која од ѕвездите дошла Ол Стар натпреварот.

Дончиќ ги „скаутирал“ sвездите веднаш до теренот, посветувајќи посебно внимание на американската хип-хоп sвезда Карди Б.

„Имаше многу познати личности по теренот и гледав кој седи таму. Омилената sвезда што ја видов покрај теренот? Дефинитивно Карди Б“, рече Дончиќ.