Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лука Дончиќ одигра уште еден фантастичен натпревар во дресот на Далас Маверикс.
Одличниот словенечки кошаркар го запиша својот 21. трипл-дабл во својата кариера во победата над Њу Орлеанс Пеликанс по дополнителното време од 127:123.
Лука беше навистина фантастичен. Тој постигна 30 поени, имаше 17 скока и 10 асистенции и едноставно Пеликаните немаа вистинско решение за него.
Исто така, немаа решение за Кристап Порзингис. Тој го заврши натпреварот со 34 поени и 12 скокови, додека кај Пеликаните Инграм постигна 27, а Зион Вилијамсон додаде 21 поен.