Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Словенија обезбеди учество на Евробаскет следната година, а Лука Дончиќ потврди дека ќе го видиме во дресот на неговата репрезентација.
„Се радувам што ќе играм за својата земја. Секако, ќе играм. Тоа е гордост, задоволство е да играм за својата земја секој пат кога можам. Така што, повторно ќе го направам тоа“, рече кошаркарот на Далас.
Освен тоа, Словенија поднесе кандидатура за организирање на една група на Европското првенство 2029 година.
„Тоа би било остварување на соништата. Да се игра голем турнир пред своите навивачи“, истакна Дончиќ.
Дончиќ не пропушти ниту еден репрезентативен турнир во својата кариера, Евробаскет 2017, квалификации за Олимписките игри и Олимписките игри 2021, Евробаскет 2022, Светското првенство 2023 и квалификациите за Олимписките игри 2024.