Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двајцата одлични кошаркари, Никола Јокиќ и Лука Дончиќ беа избрани во најдобрата петорка на НБА-лигата за оваа сезона, а освен нив во тимот се уште и Јанис Адетокумпо, Девин Букер и Џејсон Тејтум.
Јокиќ освои 476 поени и по третпат е избран во најдобрата петорка, додека Адетокумпо е единствен кошаркар со 500 поени, Дончиќ има 476, Букер 460, а Тејтум 390.
Во втората најдобра петорка се избрани Џоел Ембид од Филаделфија, Џа Морант од Мемфис, Кевин Дурант од Бруклин, Стеф Кари од Голден Стејт и Демар Дерозан од Чикаго.
Третиот најдобар тим е составен од Карл-Ентони Таунс, Леброн Џејмс, Крис Пол, Треј Јанг и Паскал Сјакам.