Дончиќ и неверојатните бројки против Чикаго! 🎥

Далас маверикс доживеа пораз од Чикаго булс со 101-117 на домашен терен, но Лука Дончиќ беше неверојатен.

Талентираниот Словенец запиша нов трипл-дабл и одигра еден од најдобрите натпревари во кариерата.

Далас подобро го отвори мечот и имаше водство, но потоа Чикаго направи пресврт (27-23), а на полувреме заминаа со 67-52.

Домаќините не успеаа да се вратат во мечот, па мораа да им честитаат на гостите за триумфот. Сепак, интересно е тоа што Дончиќ постигна дури 36 поени, 16 скокови и 15 асистенции за 37 минути минати на паркетот.