Дончиќ избрка навивач од трибините (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Далас маверикс синоќа загуби од Феникс санс со 109-132, а посебно нервозен беше словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ.

Дончиќ избрка еден навивач од трибините, откако тој постојано го провоцираше, па на Словенецот му „пукна филмот“.

Словенецот го заврши натпреварот со 34 поени, девет асистенции и осум скокови, додека најефикасен кај Феникс беше Девин Букер со 46 поени.