Дончиќ ја прекина црната серија на Далас, нов трипл-дабл за Јокиќ (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Далас маверикс ја прекинаа серијата од четири порази по ред во НБА-лигата, откако синоќа беа подобри од Индијана со 127-104.

Лука Дончиќ беше најдобар во својата екипа со 25 поени, седум скокови и шест асистенции, додека Кајри Ирвинг постигна 16 поени и шест асистенции, а на спротивната страна најефикасен беше Бенедикт Матурин со 26 поени.

Денвер нагетс славеше против Филаделфија со 116-111, а дуелот го одбележа српскиот кошаркар Никола Јокиќ, кој постигна 27 поени, 17 скокови и 12 асистенции за 29. трипл-дабл оваа сезона.