„Дончиќ може да заигра за Лејкерс кога ќе го остави пивото“


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Американските медиуми пишуваат дека Лука Дончиќ наскоро би можел да го напушти Далас маверикс и да се пресели во Лос Анџелес Лејкерс, а на ова свој коментар даде Роберт Ори.

Поранешниот шампион смета дека такво нешто не треба да се случи.

„Колку години ќе има кога ќе му заврши договорот? 31 или 32? Дончиќ не е меѓу најдобрите одбранбени играчи, а исто така прво некој мора да го земе пивото од неговите раце ако сака да го донесе во Лејкерс“, кажа Ори.

Дончиќ минатата сезона во просек постигнуваше по 33,9 поени, 9,2 скокови и 9,8 асистенции.