Дончиќ: Не ми беше воопшто лесно, но секогаш сум тука за Словенија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ минатата сезона одигра повеќе од 100 натпревари и поради тоа се повреди во големото финале, меѓутоа болката не го спречи да ѝ се приклучи на Словенија за квалификацискиот турнир за Олимписките игри.

Дончиќ им се приклучи на соиграчите кои ќе се натпреваруваат во Грција, каде што една селекција ќе обезбеди место на игрите во Париз.

„Секогаш ми е чест да играм за Словенија. Ќе играм сè додека можам. Не ми беше лесно да донесам одлука по напорната сезона, но секогаш сум тука за Словенија“, кажа Дончиќ.