Дончиќ: Не сакам да заминам од Далас, сакам да остане и Ирвинг!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Далас маверикс остана без пласман во плејофот на НБА-лигата, по што почнаа шпекулациите дека Лука Дончиќ ќе замине од екипата од Тексас.

Американските медиуми пишуваа дека Дончиќ побарал преселба во друг клуб, а тој ги демантираше шпекулациите и кажа дека сака да остане во Далас.

„Го видов текстот. Јас не сум рекол такво нешто. Среќен сум во Далас и сакам да останам. Не сакам да замине ниту Кајри Ирвинг со кој сме одличен тандем. Иако луѓето ги гледаат само резултатите, сепак за хемија и за односи потребно е време“, кажа Дончиќ.