Дончиќ: Ние сме земја со два милиони луѓе, а стигнавме до полуфинале!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Словенија игра фантастично на Олимписките игри во Токио. Актуелниот европски првак изгледа моќно и е предводен од Лука Дончиќ.

Во мечот против Германија најдобар беше Зоран Драгиќ со 27 поени, додека Дончиќ стигна до 20 поени, 11 асистенции и осум скокови.

Не е првпат Дончиќ да каже колку е горд што настапува за Словенија, а и овој пат на социјалните мрежи порача дека е пресреќен.

„Меѓу четири најдобри екипи во светот. Земја во која живеат два милиони луѓе. Какво чувство“, напиша Дончиќ и доби голем број коментари.