Дончиќ: “Никој не можеше да промаши – беше забавно и напорно”


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Ѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, изрази задоволство од натпреварот против Голден Стејт Вориорс, истакнувајќи дека и покрај неговата забавна природа, мечот бил исклучително физички исцрпувачки. Далас како гости во Сан Франциско успеаја да го совладаат Голден Стејт со резултат од 143:133 во спектакуларен дуел кој ќе остане запаметен во историјата на НБА лигата.

Имено, на оваа средба беа постигнати вкупно 48 тројки, со што беше поставен нов рекорд за најмногу реализирани тројки во еден натпревар во историјата на лигата. Двата тима покажаа извонредна прецизност од далечина, а ова статистичко достигнување дополнително ја зголеми атрактивноста на натпреварот.

„Ниту еден тим не можеше да промаши. Атмосферата беше одлична, натпреварот изобилуваше со многу шутеви, а истовремено беше навистина физички напорен,“ изјави Дончиќ по завршувањето на натпреварот.