Дончиќ ниту со трипл-дабл не го спаси Далас (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Далас маверикс загуби на домашен терен од Лос Анџелес клиперс со 112-120, а мечот го одбележа словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ.

Екипата од Тексас со помош на Дончиќ се врати во игра по негатива од 22 поени разлика, но Словенецот згреши кога најмалку беше потребно. Тој загуби топка при 114-110 за Клиперс, а во следниот напад промаши две слободни фрлања.

Дончиќ го заврши натпреварот со 28 поени, 10 скокови и 10 асистенции.

Шампионот Денвер беше подобар од Торонто со 113-104, а главен на паркетот беше Никола Јокиќ кој постигна 31 поен и 15 скокови.