Дончиќ одигра меч каков никој немал уште од 1976 година (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лука Дончиќ и понатаму поставува нови рекорди, кога ќе се појави на паркетот, па така и синоќа го имаше еден од своите најимпресивни статистички постигнувања во досегашната кариера.

Во победата на Далас против Сакраметно од 114-110, првпат успеа да стигне до 20 скокови, а притоа постигна 34 поени и имаше 12 асистенции.

Со тоа стана најмладиот кошаркар во историјата со најмалку 30 поени, 20 скокови и 10 асистенции, па така го урна рекордот на Оскар Робертсон од далечната 1961 година.

Воедно тој е четвртиот кошаркар кој имал 34 поени, 20 скокови и 12 асистенции на меч и првпат по Карем Абдул-Џабар во 1976 година.