Дончиќ почна да „танцува“ и го излуде неговиот противник 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лука Дончиќ беше најдобар кошаркар во победата на Далас маверикс против Мајами хит со 93-83. Словенецот уште еднаш докажа дека е еден од најдобрите во моментов во НБА-лигата.

Одличниот Словенец на крајот го заврши мечот со 27 поени и 15 скокови, а за трипл-дабл му недостигаа три асистенции.

Овој 21-годишен кошаркар имаше серија одлични потези и поени, а најдобриот го изведе при крајот на втората четвртина, кога го излуде неговиот противник.

Со серија брзи дриблинзи и движења Дончиќ го излуде Бам Адебајо, кој во еден момент не знаеше каде се наоѓа топката.