Дончиќ постигна 42 поени, но Далас тоне сè повеќе! (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Далас маверикс се наоѓа во сериозна резултатска криза бидејќи загуби и од Мајами хит со 122-129, па така екипата на Лука Дончиќ падна на 11. место во Западната конференција.

Дончиќ беше одличен на паркетот и постигна 42 поени, 10 скокови и осум асистенции, но тоа не му беше доволно на Далас. Хардавеј постигна 31 поен, додека Ирвинг запиша 23 поени. На спротивната страна блесна Батлер со 35 поени.

Њу Орлеанс го изненади Лос Анџелес Клиперс со 122-114, а Каваи Ленард постигна 40 поени, додека Вестбрук запиша 24 поени и девет асистенции.