Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот словенечки кошаркар, 22-годишниот Лука Дончиќ стана првиот кошаркар кој може да добие „супермакс“ договор затоа што веќе двапати беше во идеалната петорка во НБА-лигата.
дончиќ за само три сезони стана еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата со просек од 25,7 поени, 8,4 скокови и 7,7 асистенции по натпревар.
„Денеска се оствари мојот сон. Кошаркарската игра ми даде многу и ме однесе до неверојатни места. Благодарен сум и возбуден затоа што ќе останам во Далас“, вели Дончиќ.
Најмладиот МВП во историјата на Евролигата претходно го предводеше Реал Мадрид до титулата во Европа во 2018 година.
Luka Doncic has agreed to a five-year, $207 million supermax rookie contract extension, per @wojespn pic.twitter.com/VP4JIhN6Wp
— NBA on TNT (@NBAonTNT) August 9, 2021