Дончиќ распали по НБА поради новиот Куп!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарот на Далас маверикс, Лука Дончиќ има одличен почеток на сезоната во НБА-лигата, но и покрај тоа реши да удри по раководството на лигата.

Дончиќ ја критикуваше НБА поради новиот Куп. Словенецот вели дека проблем се терените кои се обоени поинаку, а тоа им прави проблем на навивачите, но и на кошаркарите.

„Паркетот беше лош и на некои места топката воопшто не отскокнуваше. Теренот е лизгав и можни се повреди. Ако инсистирате на такви подлоги, направете ги да бидат како што треба“, вели Дончиќ.