Дончиќ самокритичен по поразот од Хрватска: Ова е ужасно!


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Словенија загуби на почетокот на квалификацискиот турнир за Олимписките игри (ОИ), а по мечот свои импресии сподели кошаркарот на Далас маверикс, Лука Дончиќ.

Дончиќ го заврши дуелот со 26 поени, 11 скокови и 10 асистенции, но неговиот шут од игра беше ужасен, односно погоди само осум од 23 обиди.

„Ја видов својата статистика, тоа е ужасно. Хрватска одигра одлично и нè надигра во секое поле. Одбраната не беше добра, мора да бидеме подобри“ кажа Дончиќ.