Дончиќ се изнервира: Никој не се однесувал толку лошо кон мене досега… (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во понеделникот беа избрани неколку кошаркари за престижните награди во НБА-лигата. Јанис Антетокумпо ја доби наградата за МВП на сезоната, додека Дончиќ беше избран за најдобар „руки“.

По завршување на церемонијата Дончиќ со семејството тргнал кон Словенија, но имал многу проблеми кои му ги направила авиокомпанијата во која резервирал билети.

„Никогаш претходно некоја авиокомпанија не ме третирала толку лошо. резервирав билети во бизнис класа за себе и своето семејство, но Луфтханса не ги почитуваше. Ние бевме префрлени во економска класа, а не ми е јасно зошто и исто така ни вратија 20% од парите за билети за бизнис класа“, напиша Дончиќ.