Дончиќ се повреди и за првпат заврши меч без поени во НБА (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ се повреди во четвртата минута од натпреварот меѓу Далас маверикс и Феникс санс, па за првпат заврши меч без поени во НБА-лигата.

Дончиќ имаше два шута пред повредата и не погоди ниту еден од нив, но успеа да запише еден скок.

Словенецот нагази на стапалото на противнички кошаркар и веднаш се пожали на повреда, а првите медицински прегледи покажале дека не станува збор за сериозна повреда.