Дончиќ си го уништи совршениот меч и стана трагичар за Далас (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Лука Дончиќ повторно имаше одличен меч за Далас маверикс, кој си го уништи поради глупост и на крајот неговата екипа загуби од Вашингтон визардс со 126-127.

Дончиќ до последните секунди играше совршен меч, но се претвори во трагичар затоа што направи прекршок во лош момент.

Словенецот го заврши натпреварот со 41 поен и 15 скокови, но нема по добро да го памети натпреварот против Вашингтон.

Леброн Џејмс постигна 46 поени за Лос Анџелес Лејкерс, но тие не им беа доволни за победа против градскиот ривал Лос Анџелес клиперс.