Дончиќ влезе во друштво во кое се само Леброн, Дурант и Мело! 🎥


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Лука Дончиќ со 24 поени го предводеше Далас маверикс со победа против Кливленд кавалирс (110-90) и така се запиша во историјата на НБА-лигата.

Словенечкиот кошаркар на само 22 години и 68 дена стигна до бројката од 5.000 поени во најсилната кошаркарска лига во светот.

Дончиќ така стана четвртиот најмлад кошаркар на кој му успеало тоа, додека пред него се Кармело Ентони кој стигна на 21 година и 292 дена, Кевин Дурант на 21 година и 133 дена и Леброн Џејмс на 21 година и 22 дена.