Дончиќ во поразот на Далас запиша нов трипл-дабл и испиша НБА-историја! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Далас маверикс на свој паркет беше поразен од Сакраменто кингс со 121-125. Натпреварот беше израмнет од самиот почеток до самиот крај, а Далас во последната четвртина имаше водство од 110-102.

Сепак, Сакраменто направи пресврт и стигна до победа од 125-121, а на Далас не можеше да му помогне ниту одличниот настап на Лука Дончиќ, кој постигна трипл-дабл со 28 поени, 12 асистенции и 12 скокови.

За Дончиќ ова беше седми трипл-дабл сезонава и се израмни со легендарниот Меџик Џонсон, кој исто така во својата дебитантска сезона оствари ист број трипл-дабл, па повторно испиша НБА-историја.

Лос Анџелес лејкерс го совладаа Вашингтон визардс со 124-106. Ова беше втора победа во серија за Лејкерс, а до победа ги предводеше Кентавис Колдвел-Поуп со 29 поени.

Останати резултати:

Шарлот – Сан Антонио 125-116
Мајами – Орландо 99-104
Милвоки – Хјустон 108-94
Денвер – Детроит 95-92
Њу Орлеанс – Атланта 120-130
Минесота – Клиперс 111-122
Торонто – Чикаго 112-103
Кливленд – Бостон 106-116