Дончиќ збесна по поразот на Словенија и ја нападна ФИБА


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Француските кошаркари се пласираа во финалето на Олимписките игри по победата против Словенија од 90-89.

Лука Дончиќ така го доживеа првиот пораз во дресот на репрезентацијата и тоа во натпревар во кој стана дури трет играч кој остварил трипл-дабл на игрите.

Кошаркарот на Далас беше бесен по натпреварот на судиите со кои се караше во текот на целиот натпревар.

„ФИБА најверојатно е среќна сега. ФИБА се случи!“, дофрли Дончиќ на прашање по поразот на Словенија.