Дончиќ е чиста магија: Го сруши рекордот на Коби Брајант во Лејкерсите, повторно блесна со трипл-дабл (Фото)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Неверојатниот словенечки кошаркар, Лука Дончиќ продолжи да блеска и оваа ноќ во НБА лигата. Во победата на Лос Анџелес Лејкерс над Минесота на домашен терен (120:106), тој повторно дојде до трипл-дабл учинок, со што продолжи да ја пишува и историјата на оваа франшиза.

Имено, Дончиќ го заврши натпреварот со 31 поен, 11 скока и 11 асистенции, шутнувајќи 7/12 за два поена, 4/12 за три, како и 5/6 од линијата за слободни фрлања. Со новиот трипл-дабл, тој го сруши рекордот на Коби Брајант во Лос Анџелес Лејкерс по бројот на остварени трипл-даблови со 30 или повеќе постигнати поени.

Коби успеал да има пет такви учиноци низ кариерата, додека Лука сега има шест и продолжува да ги достигнува останатите легенди кои носеле дрес на Језерцата. Следен на листата е Џери Вест со осум трипл-даблови, потоа следи Елџин Бејлор со девет, Леброн Џејмс има 14, а Меџик Џонсон 17.

.