До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во текот на ноќта во НБА лигата беа одиграни десет натпревари во кои дури седум гостински екипи славеа.
Една од нив беа Лос Анџелес Лејкерс кои го победија Бруклин Нетс со резултат 125:109 со одлични настапи на Лука Дончиќ и Леброн Џејмс.
Дончиќ го заврши мечот со 24 поени, 6 скока и 5 асистенции, додека Џејмс покрај 25 поени имаше и 7 асистенции.
Во редовите на Бруклин Мајкл Портер постигна 21 поен со 10 скокови.
Една од победите на домаќините ја оствари Детроит кој го надигра Денвер со резултат 124:121 благодарение на одличниот Кејд Канингем, кој го заврши натпреварот со 29 поени и 10 асистенции.
Во редовите на Нагетс Никола Јокиќ постигна двоен ефект од 24 поена и 15 скокови, додека Џамал Мареј постигна 32 поени со 8 асистенции.
.













