До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Словенечката суперѕвезда Лука Дончиќ ноќеска влезе во историјата на НБА лигата како најмладиот кошаркар досега кој успеал да постигне 1.500 тројки во својата НБА кариера.
Дончиќ го предводеше тимот на Лос Анџелес Лејкерс до победа на гостувањето кај својот поранешен клуб Далас, кој Лејкерс го совладаа со 116:110, а со постигнати три тројки стигна до неверојатната бројка од 1.500 поени надвор од линијата од 7,24 метри.
Дончиќ повторно беше посебно инспириран против поранешниот клуб, кој се откажа од него зашто бил “предебел и неспремен”, а постигна 33 поени, подели 11 асистенции и фати осум скока.












