Донесена конечна одлука, од утре Премиерлигашите се враќаат на тренинг


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На денешниот состанок на клубовите од Премиер лигата е договорено тимовите да продолжат со тренинзи од утре.

На состанокот едногласно е усвоена одлуката клубовите да се вратат на тренинзи во помали групи на кои се уште нема да биде дозволен физички контакт меѓу нив.

Во соопштението се наведува дека тоа е првиот чекор кон продолжувањето на натпреварите во Премиер лигата која како и повеќето европски лиги беше прекината поради пандемијата предизвикана од коронавирусот.

„Одлуката е донесена со консултација на играчите, менаџерите, тимските доктори, независните експерти и владата. Строгите медицински протоколи ќе обезбедат сите да се вратат на тренинзите во најсигурно опкружување.

Здравјет на сите учесници е приоритет на Премиер лигата. Ќе ги продолжиме консултациите со играчите, менаџерите и клубовите за да развиеме протокол за тренинзите со контакт“ –стои во соопштението од Премиер лигата.

До крајот на првенството останаа девет кола, а Ливерпул е прв на табелата со огромни 25 бода предност во однос на второпласираниот Манчестер Сити.