Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанската влада донесе конечна одлука сите спортски натпревари да се прекинат поради коронавирусот.
Досега дел од средбите се играа пред празни трибини, а сега владата на чело со премиерлот, Џузепе Конте донесе конечна одлука натпреварувањата да бидат прекинати најмалку до 3. април.
Во Италија владее вистинска криза поради коронавирусот, па токму затоа овој чекор на владата изгледа сосема логично.
Од Италијанскиот Олимписки Комитет потврдија дека се одложени само натпреварувањата од домашните првенства, што значи дека натпреварите во Лигата на шампионите ќе се одржат.