Дополнителна инспирација за Даниела: Мекгрегор даде поддршка за противничката на Алексовска


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во петок, на 4 јули, во српскиот град Бачка Паланка ќе се одржи значајниот ММА настан ARMMADA 13, што особено го заинтригира вниманието на македонската јавност поради учеството на нашата европска ММА шампионка, Даниела Алексовска. За неа, ова ќе биде прво полупрофесионално искуство во кафезот – нов предизвик во нејзината боречка кариера.

Противничката на Алексовска ќе биде многу искусната Ева Круз од Ирска, која има зад себе 13 борби во категоријата до 52,2 килограми. Оваа средба ветува вистинско борбено шоу благодарение на искуството на Круз и мотивираноста на Алексовска да се покаже на новото ниво.

„Горда сум што ќе ја претставувам Македонија на ова ниво. Не ме загрижува кој стои зад мојата противничка – јас знам кој стои зад мене,“ изјави Алексовска.

Мечот ќе се пренесува во живо на Arena Fight каналите, почнувајќи од 21:00 часот.

Фото: МКДММА